Во рамки на своите здравствено-превентивни активности, Црвен крст Охрид, почнувајќи од 13 март
2026 година (петок), ќе нуди бесплатно психолошко советување.
Советувањето ќе се одвива во просториите на Црвен крст Охрид, секој петок, од 9 до 12 часот, со
претходно закажување.
Заинтересираните лица, можат да закажат термин на телефонскиот број 070 729 615.
Советувањето ќе го реализира Мерсиха Исмајлоска, гешталт советник.
Гешталт терапијата е научно заснован психотерапевтски метод со корени во хуманистичката
филозофија. Основната цел на гешталт терапијата е поттикнување личен раст, зрелост и автономност преку
зголемена свесност за сопствените мисли, чувства и однесување во сегашниот момент.
Црвен крст Охрид го организира бесплатното психолошко советување во соработка со Анима – Центар
за личен развој, едукација и психотерапија.
Бесплатно психолошко советување во рамките на здравствено-превентивните активности на Црвен крст Охрид
Редакцијамарт 10, 2026
posted on











