Во овие велико посни денови црквата мудро не собира секој петок, за да не потсети дека на нашиот духовен пат не сме сами, туку ја имаме силната застапничка и молитвеничка пред Бога, мајката на нашиот Господ Исус Христос. Акатистот е исполнет со радосни зборови, „Радувај се“ , со тие зборови црквата ја поздравува Богородица, зашто преку неа дојде спасението во светот, истакна на денешниот втор акатист Отец Ристе Наумоски, во своите завршни зборови по акатистот.




Голем број верници принесоа петтолебие во слава и чест на Богородица, како и се помолија за здравје на најблиските.















