Денеска, во просториите на Општина Охрид, се одржа втората седница на Советот за развој на Југозападниот плански регион.
Во рамки на седницата, со која претседаваше градоначалникот Кирил Пецаков, беа разгледани и усвоени 22 точки од дневниот ред.
Беа усвоени Предлог-одлуката и Одлуката за усвојување на Акцискиот план за спроведување на Програмата за развој на Југозападниот плански регион во 2026 година, како и Предлог-одлуката и Одлуката за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година, со интегриран Финансиски извештај за 2025 година.
Беа разгледани годишните сметки за работењето на Центарот за развој на Југозападниот плански регион за 2025 година, како и за проектите „Одржлив инклузивен рамномерен регионален развој – II фаза“ и „Подготовка на техничка документација за приоритетни инфраструктурни проекти“, како и проектите од програмите на МЛС за намалување на диспаритетите. Беше донесена и Одлука за усвојување на Приоритетната листа на регионални проекти за 2026 година.
Исто така, беа усвоени повеќе одлуки за преотстапување на работи и стоки на сите општини од Југозападниот регион, за набавка на нови машини и комунална опрема.
Во однос на Општина Охрид беа донесени следните одлуки: Одлука за преотстапување на стоки – набавка на апарат за детекција на дефекти во водоводните цевки; Одлука за преотстапување на стоки – набавка на електричен ударен чекан и Одлука за преотстапување на стоки – набавка на режач за пилинг (Ф110–500 и Ф63–110).











