АктуелноОхрид

Пецаков: 150.000 денари од средствата обезбедени преку хуманитарните паркинзи на ЈП „Билјанини извори“ ќе бидат наменети за малата Ева

Во овие моменти кога е потребна поддршка и заедништво, Општина Охрид се приклучува кон хуманитарната акција за помош на малата Ева.
‎За таа цел, 150.000 денари од средствата обезбедени преку хуманитарните паркинзи на ЈП „Билјанини извори“ ќе бидат наменети за оваа хуманитарна цел.
‎Веруваме дека со заедничка поддршка и обединети можеме да дадеме помош каде што е најпотребна! Да покажеме уште еднаш дека хуманоста е наша заедничка вредност.