По вторпат се организира настанот „Те сакам, за тебе засадив дрво“, како поинаков и еколошки начин на одбележување на 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
Годинава иницијативата се реализира во соработка со компанијата Eko Fluid, како и со Ј.П. Охридски Комуналец и волонтери од иницијативата „Училишта без пластика“. Настанот ќе се одржи во Холандски парк, каде граѓаните ќе имаат можност да засадат дрвце во чест на жените во својот живот.
Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани да се приклучат и да дадат свој придонес кон поздрава животна средина, истовремено испраќајќи порака на љубов, почит и благодарност кон жените.
За дамите се најавени симболични изненадувања, додека за најмладите ќе биде организирана креативна еколошка работилница, со цел преку игра и едукација да се поттикне свеста за заштита на природата.











