Едукативен центар Ѕвездички од понеделник 2 март ги отвора вратите за сите мали ѕвездички подготвени да учат, растат и блескаат.
Центарот се наоѓа на улица Прилепска 85, наспроти пералната Златни Зраци со работно време од 8 до 17 часот секој работен ден и сабота од 9 до 14 часот.

Едукативниот центар Ѕвездички е стручен и посветен центар кој нуди професионална поддршка за правилен раст и развој на децата. Нашата мисија е да создадеме безбедна, топла и поттикнувачка средина во која секое дете ќе може да го развива својот целосен потенцијал. Во рамки на центарот нудиме:
• Дефектолошки третмани – индивидуални програми за стимулација на когнитивниот, моторниот и социјалниот развој.
• Логопедски третмани – проценка, дијагностика и терапија при говорно-јазични потешкотии, неправилен изговор, доцнење во говор и други комуникациски предизвици.
• Индивидуална и групна работа – пристап прилагоден според возраста и потребите на детето.
• Едукативни работилници – креативни и развојни активности кои поттикнуваат учење преку игра, соработка и дружење.

Работиме со современи методи и индивидуализиран пристап, во континуирана соработка со родителите. Нашата цел не е само напредок, туку и градење самодоверба, самостојност и радост во учењето.

Следете нè на социјалните мрежи со цел навремено информирање за нашите активности, како и за закажување термини и пријавување на тековните работилници.












