АктуелноОхрид

(ВИДЕО-ФОТО) Недела на Православието во манастирот Рождество на Пресвета Богородица Калишта

Со света Литургија и свечена литија, во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Манастир Калишта беше одбележана Православната недела, во присуство на голем број верници од Струга и околните населени места.

Богослужбата ја отслужи Отец стефан од епархиската црква , кои во својата беседа ја истакнаа силата на православната вера како духовен столб и патоказ во секојдневниот живот. Верниците со молитва и благодарност се поклонија пред иконата на Пресвета Богородица, барајќи здравје, мир и благослов.

По завршувањето на Литургијата, се одржа свечена литија околу манастирскиот храм. Со крстот, црковните барјаци и иконите, свештенството и народот во молитвена поворка го обиколија храмот, упатувајќи молитви за духовен напредок, мир и благосостојба на сите православни христијани.

Манастирскиот двор беше исполнет со достоинствена атмосфера и молитвена тишина, а собирот уште еднаш ја потврди улогата на манастирот Калишта како значаен духовен центар во регионот.