АктуелноОхрид

Нападнато лице од куче, домашен миленик во двор во с. Мороишта

На 25.02.2026 во 15 часот во ОВР Струга е пријавено дека, на пат во струшкото село Мороишта, лице на (70) од истото село бил нападнат и каснат од куче домашен миленик, сопственост на  лице на (64), кое било оставено необезбедено во неговиот двор.

По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.