АктуелноОхрид

Второ место за гимназијалците на едукативниот квиз по мајчин јазик

Мајчиниот јазик е темел на личниот и културниот идентитет на секој човек. Преку него ги изразуваме мислите, чувствата и традициите што се пренесуваат од генерација на генерација.

Во пресрет на 21 Февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, во просториите на Младинскиот центар во Охрид се одржа едукативен квиз по мајчин јазик. На настанот учествуваа пет екипи од охридските средни училишта, секоја составена од по тројца ученици, кои ги покажаа своите знаења и љубовта кон јазикот преку интересни прашања. Екипата на нашата Гимназија составена од учениците од четврта година Ведран Томчов, Елени Наумова и Софија Коруновска , под менторство на проф. Светлана Огненова го освои второто место.