АктуелноОхрид

Лице од с. Франгово управувал моторно возило без положен возачки испит

На 20.02.2026 година во 10.45 часот, полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишија  лице на (32) од струшкото село Франгово.

При контрола во сообраќајот извршена на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, било сопрено патничко моторно возило „Голф“ со струшки регистарски ознаки кое  лицето  го управувал и притоа, било констатирано дека истиот немал положено возачки испит со што го загрозил јавниот сообраќај.

По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.