На 18.02.2026 во 20:10 часот во Општата болница во Струга, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа лице на (46) од село Ново Село, општина Боговиње, затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон персоналот во болницата.
При преземени мерки е констатирано дека лицето било под дејство на алкохол и му биле измерени 1,92 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.











