АктуелноОхрид

Екипа на експерти од Градежниот факултет – Скопје, односно од Катедрата за водоснабдување, канализација и мелиорации, започна со истражување и анализа на состојбата на терен во селото Шум

Екипата ја предводи професорот Пеливаноски, градежен инженер и професор на Градежниот факултет, кој заедно со уште двајца експерти врши професионална проценка на моменталната состојба.
Во текот на денешниот ден се очекува да биде подготвен првичен извештај кој ќе ги содржи констатациите за состојбата на терен, како и предлозите за конкретни мерки што треба да се преземат за надминување на настанатата состојба и заштита на изворите на вода за пиење.
Општина Струга останува целосно посветена на транспарентност и ќе продолжи навремено да ги информира граѓаните за секој понатамошен развој.