Христо Дејкоски ќе настапува како член на еден од најреномираните светски младински симфониски оркестри при Interlochen Center for the Arts во Интерлокен, Мичиген, Соединетите Американски Држави.
По исклучително строгата селекција на светско ниво, Христо е награден и со стипендија како признание за неговиот талент, труд и уметничка зрелост.
Ова достигнување е и заслуга на неговиот професор Тони Арслан, чија посветена и професионална работа дава резултати што одекнуваат и на меѓународната сцена.
Упатуваме благодарност и до професорката Емилија Маринова за нејзината пијано поддршка во процесот на подготовка и селекција.
Со ова Христо и професорот Арслан го поставија нашето училиште на мапата на светските репрезентативни музички образовни центри.










