АктуелноОхрид

Жена од Велгошти на државно земјиште без одобрение изградила пристапен пат и поставила бетонска рампа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (40) од охридското село Велгошти, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“  и „узурпација на недвижности“.

Таа, на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа.

Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.