АктуелноОхрид

Црвен крст Охрид со превентивни активности за делување во случај на елементарни непогоди

И во текот на оваа година Црвен крст Охрид продолжува со превентивните активности за делување во случај на елементарни непогоди и несреќи, со увежбување за примена на Оперативните планови за заштита и спасување и плановите за евакуација во основните училишта.

Во координација и со поддршка на СВР Охрид, ТППЕ Охрид, ДЗС, ЦУК и Црвен крст Охрид, а со цел подигање на нивото на подготвеност и координираност за соодветно, навремено и ефикасно делување во случај на несреќи во вторник, 17.02.2026 г. во ООУ „Св.Наум Охридски“ во с. Пештани и во четврток, 19.02.2026 г. во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид ќе се реализира показна вежба за евакуација и спасување според соодветно сценарио за случена елементарна непогода, во која сооодветно ќе делуваат и тимови од надлежните институции.