ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“.
Тој, на 14.02.2026 околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17 – годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница.
Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди.
Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта.











