Струга и околината имаат вода која не е за пиење. Според последните измерени параметри регистрирана е неколкукратна заматеност на водата од земените примероци на изворот „Шум“ од страна на анализите од Центарот за јавно здравје Охрид.
Имено, измерената заматеност на изворот „Шум“ изнесува 28,59%, што е неколку пати поголемо од дозволените 1,5 % .
-Земени се мостри од вода за испитување. Хлор има, но има и висок степен на обоеност и висока матност и таа автоматски спаѓа во здравствено неисправна вода. Ги чекаме резултатите кои во четврток треба да бидат готови . Утре повторно ќе излеземе на терен за да земеме нови примероци од изворот и да утврдиме дали матноста се намалува, изјавува д-р Лидија Симоноска од Центарот за јавно здравје Охрид.
Oд струшкото јавно претпријатие „Водовод и Канализација“ со кратко соопштение известија дека водата во градот Струга и околината не е чиста и до наредното известување не треба да се користи за пиење или други потреби.
Проблемот со водата за пиење во Струга се провлекува подолг период. Ако е за пиење во летниот период ја нема, а ако ја има во останатиот период од годината не е за пиење.












