АктуелноОхрид

Лице од Ложани вработено во обложувалница во Враништа заминал од работа со парите од дневниот промет во висина од 50 илјади денари

ОВР Струга поднесе кривична пријава против   лице на (35) од струшкото село Ложани, вработен во спортска обложувалница во селото Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

На 04.01.2026, тој со парите од дневниот промет уплаќал тикети по што заминал без да им предаде промет на колегите.

На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 50.000 денари.