Минимизирањето на трошоците на градоначалникот и на администрацијата на Општина Струга е јасен приоритет на градоначалникот Менди Ќура. Продажбата на службеното возило и донирањето на платата на градоначалникот не беа изборни слогани, туку конкретни заложби што се применуваат од првиот ден на мандатот.
Одлуката за продажба на службеното возило беше првата одлука што градоначалникот Ќура јавно ја потпиша, во присуство на медиумите. Истата, согласно законските процедури, беше доставена до Советот на Општина Струга и доби одобрување за реализација.
Општина Струга не планира набавка на службено возило за градоначалникот. Како што е јавно соопштено, во текот на целиот мандат градоначалникот ќе користи сопствено приватно возило, а сите трошоци поврзани со неговото користење ќе ги покрива лично.
Следниот чекор е формирање на комисија за проценка, по што возилото ќе биде понудено на јавна, отворена и транспарентна аукција. Почетната цена ќе ја утврди комисијата, со што се обезбедува фер и непристрасен процес.
Наместо луксузно возило, Општина Струга ќе набави функционално комбе, во служба на општинската администрација, спортските клубови и градските активности.
Ова е разликата меѓу старата практика и новото управување.
Помалку луксуз за власта, повеќе услуга за граѓаните.











