СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице на (51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
При преглед во патнички автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, извршен на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, полициските службеници го затекнале пријавениот како му овозможил користење марихуана на лице од Охрид, по што беше лишен од слобода.











