Чест ми е што денеска имав можност да присуствувам на традиционалната свеченост по повод Националниот празник на Србите – Св. Сава, која се одржува во Охрид, во организација на друштвото „Коштана“ и почесниот конзул на Република Србија, Михајло Филев.
Настанот помина во духот на заедништвото и уште еднаш ја потврди важноста на меѓусебното разбирање и соживот на локално ниво.
Им го честитам овој голем празник на сите сограѓани од српската националност и им посакувам здравје, мир и благосостојба, напиша градоначалникот во својата објава.









