АктуелноОхрид

Лице од Албанија нелегално ја преминал границата и незаконски престојувал на македонска територија

На 25.01.2026 во 01:45 часот во близина на авто камп во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа Ф.Н.(49) од Република Албанија.

Од преземените мерки е констатирано дека тој претходно нелегално ја преминал македонско-албанската граница и незаконски престојувал на македонска територија, со што сторил прекршок по член 9 од Законот за граница.

На Ф.Н. му е изречена мерка протерување и забрана за влез во државава во траење од шест месеци.