АктуелноОхрид

Лице од Кавадарци изградил викенд куќа без одобрение за градба во с. Љубаништа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против  лице на (70) од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Тој, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште од општина Охрид, изградил викенд куќа, по што е донесено решение за отстранување на градбата.