Чест ми е што остварив средба со амбасадорот на Република Турција, Н.Е. Фатих Улусој и почесниот конзул во Охрид, Абдураман Бајрактар, кои ми упатија искрени честитки за новиот мандат и ја потврдија подготвеноста за продолжување на нашата соработка во повеќе сфери на општественото живеење.
Исто така, ми претставува чест што во посета на Општина Охрид беше и амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз, со кого разговаравме за важни инфраструктурни проекти и зајакнување на соработката во областа на туризмот и културата.











