АктуелноОхрид

Пронајдена и одземена марихуана од автомобил на лице од Струга

ОВР Струга поднесе кривична пријава против  лице на (33) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

При контрола во неговиот автомобил извршена на улица „Пролетерски бригади“ во Струга, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана.