АктуелноОхрид

Дежурните екипи на ЈП „Охридски Комуналец„ ноќеска интервенираа со абразивни средства во повисоките населени места

По вчерашните снежни врнежи кои беа поинтензивни во повисоките населени места, мобилизирани беа дежурните екипи и целокупната расположлива механизација на Ј.П.,,Охридски Комуналец” за да се овозможи нормално движење на возила и функционирање во зимски услови.
✔️Во текот на ноќта и од рано утрово се интервенираше со абразивни средства на повисоки места и тоа: Стар Град, населба Гоце Делчев – Бараки, села Велестово, Елшани и Горно Коњско.