АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

(ВИДЕО) Силен дожд предизвика штети во Охрид

Силниот дожд што непрекинато паѓаше во текот на изминатата ноќ предизвика проблеми и материјални штети на повеќе локации во Охрид. На улицата АСНОМ е скршен бор кој паднал на тротоарот и врз неколку паркирани автомобили.

Засега нема информации за повредени лица, но е причинета материјална штета. Надлежните служби излегоа на терен за отстранување на паднатото дрво и расчистување на просторот. Граѓаните пријавуваат и поплавен дел од Булеварот „Свети Наум Охридски“, каде поради обилните врнежи е отежнато одвивањето на сообраќајот.

На некои места е забележано задржување на вода на коловозот. Од надлежните институции апелираат до граѓаните на зголемена внимателност, особено при движење и паркирање на возила, додека временските услови се нестабилни. Се очекува екипите на комуналните служби и противпожарната единица да продолжат со интервенции и во текот на денот.