На 02.01.2026 во 04:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.Ц.(56) од Скопје. Претходно, во 03:50 часот на ул.„Партизанска“ во Охрид, тој со патничко возило, кое го управувал, удрил во паркирани возила „ауди“ со скопски регистарски ознаки и „рено“ со косовски национални ознаки. По преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.












