АктуелноОхрид

(ФОТО) Божиќната пештера поставена, подготовките при крај околу Божиќните активности при Соборниот храм Св. Никола во Враништа

Од Соборниот храм Св. Никола во с. Враништа со радост известуваат  дека Божикната пештера е завршена, а подготовките околу претстојните празници се при крај.
За да ја заокружиме оваа празнична радост, ги покануваме сите дечиња од нашето село Враништа
сабота, 3 јануари,
во Црквата „Св. Никола“ во 15 часот,
каде ќе одржиме работилница за доизработка на ѕвезди и генерална проба за Бадниковата поворка.
Ве очекуваме со радост и детска насмевка, за заедно да се подготвиме за Христовото Рождество.
За многу години, се вели во објавата.