АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Во наредните 12 месеци, секој ден нека ви биде исполнет со насмевки, спокој и љубов

Драги сограѓани, мои пријатели,
Во овие свечени и радосни моменти, кога ја испраќаме старата и ја пречекуваме Новата 2026 година, ми претставува особено задоволство да ви се обратам со искрени честитки и најубави желби.
Најнапред, посакувам Новата година да донесе добро здравје, мир и семејна среќа во секој дом. Нека 2026 биде година на нови надежи, стабилност и лични успеси, година во која ќе преовладуваат човечноста и меѓусебната почит.
Кога си посакуваме се најубаво во новата, треба да се потсетиме на се што ни донесе изминатата 2025 година. Таа беше патоказ кој ни покажа дека заедништвото, довербата и посветеноста се темелите врз кои можеме да градиме посигурна и поуспешна иднина. Заедно избравме да чекориме по патот на стабилноста и развојот, а вашата енергија и поддршка се најголемата сила што не води напред.
Во наредните 12 месеци, секој ден нека ви биде исполнет со насмевки, спокој и љубов. Да ги цениме малите, но исклучително важни радости што го прават животот посебен, времето поминато со најблиските, искрените разговори со пријателите, заедничките мигови и настаните што не зближуваат како заедница.
Ви посакувам среќна и бериќетна Нова Година! Да продолжиме заедно да создаваме, со доверба и љубов за овој прекрасен град.