Uncategorized

Се преврте цистерна – целосно прекинат сообраќајот кон Г.П. Ќафасан.

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот.

Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста.