На 29.12.2025 година, Македонската традиционална Таеквондо Федерација одржа свечена предновогодишна забава, на која традиционално беа доделени признанијата „Best of the Best“ за најуспешните натпреварувачи и клубови во федерацијата за 2025 година.

Наградите ги доделија претседателот на федерацијата, Марјанчо Лазаревски, и националниот селектор, Саша Поповски, при што беа прогласени следните добитници во поединечна конкуренција:
1 место – Владимир Димитриевиќ
2 место – Миа Танеска
3 место – Божидар Димитриевиќ Ранг-листа по клубови: 1. Таеквон-до клуб „Hwa-Rang“ – ИТФ Лескоец, Охрид 2. Таеквон-до клуб „Fight Club Master“ – Охрид 3. Таеквон-до клуб „Sonkal“ – Мислешово, Струга 4. Таеквон-до клуб „Ahilius“ – Скопје 5. Таеквон-до клуб „Ge-Baek“ – Ресен 6. Таеквон-до клуб „Chon-Ji“ – Косел

Раководството на федерацијата им упатува искрени честитки на сите овогодишни добитници на признанието „Best of the Best“, со желби за уште поголеми спортски успеси, добро здравје и нови достигнувања во 2026 година. Со овој настан, Македонската традиционална Таеквондо Федерација официјално го најави своето учество на Европското првенство, кое ќе се одржи во април 2026 година во Крит, Република Грција. Со Божја волја, очекуваме продолжување на долгогодишната успешна традиција и освојување на нови медали, достоинствено претставувајќи ја Македонија на европската таеквондо сцена.












