АктуелноОхрид

Превртена цистерна на патниот правец Струга- Ќафасан, сообраќајот во прекин

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека во моментов во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“ поради превртена цистерна на патот.

Сите надлежни служби се излезени на местото на настанот и се преземаат мерки за утврдување на причините за незгодата и за нормализирање на сообраќајот за што соодветно ќе ја известиме јавноста.