АктуелноОхрид

Средба на градоначалникот Пецаков со вршителот на должност амбасадор на САД Варнс

Градоначалникот Кирил Пецаков, денес оствари  средба со Никол Варнс, вршител на должноста – амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија.

На средбата се разговараше за приоритетните проекти на актуелната локална власт, за спроведување на препораките  кои УНЕСКО ги бара од Охрид како и проектите кои се однесуваат на младите луѓе  во градов.

Варнс го изрази своето задоволство од финансиските политики на актуелната локална власт која обезбедува стабилност на општината, а се разговараше и за економската состојба на градот, инфраструктурната подготвеност да се дочекаат гостите од земјава и странство како и за етничката структура на Охрид.

Високата гостинка од САД доаѓа во прва официјална посета на Охрид по нејзиното назначување на функција.