Денес во средното училиште СОСУ “Св. Кирил и Методиј”-Охрид пред учениците од здравствената струка беа презентирани нови нагледни наставни средства од областа на анатомијата и медицинските науки.Училиштето е збогатено со современи анатомски модели и симулатори кои овозможуваат реалистично и практично изучување на човечкото тело и неговите системи.
Овие средства ќе се користат во наставата со цел:
-подобро визуелно и практично усвојување на наставните содржини
-унапредување на квалитетот на наставниот процес
-зголемувањена интересот и активно учество на учениците
Со оваа инвестиција,нашето училиште продолжува да создава современи услови за квалитетно образование, информираат од средното училиште.












