ОВР Струга поднесе кривична пријава против лице на (65) од струшкото село Враништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ по член 225 од Кривичниот законик.
Тој, на катастарска парцела во селото во државна сопственост, без одобрение за градба издадено од надлежен орган, неовластено изградил бетонска ограда.












