сабота, ноември 23, 2024
АктуелноИнтервјуаОхрид

Бобан Наумоски за прв пат откри зошто се откажа од активниот боди билдинг

Кога ќе се спомне здрав живот и мускули низ охридските улици, сите патишта водат кон Бобан Наумоски и неговата специјализирана продавница за спортска суплементација и опрема – Genesis – HealthFitnessPower. Бобан Наумоски е 4ри кратен шампион на Македонија во јуниорска категорија во бодибилдинг и е првиот Македонец кој ја претставувал Македонија како јуниор на најпрестижниот Светски Бодибилдинг натпревар во 2009та година во Полска.

                Бобан беше во фокусот на вниманието цели 4 години додека беше активен на бодибилдинг сцената, од 2007та па се до 2010та година. По цели 7 години пауза од бодибилдингот, Бобан повторно се појавуваво фокусот на вниманието, но овој пат како виновник занеколкутеи повеќе од успешни трансформации на неговитеклиенти од Genesis.             

Во ова мега-интевју, прв пат за јавноста, Бобанексклузивно за Охрид 1 ќе открие зошто ја заврши својата натпреварувачка кариера токму тогаш кога беше најуспешен и низ бодибилдинг светот беше познат како иднината на Македонскиот бодибилдинг.

  • Здраво Бобан, после цели 9 години од твоетопоследнонатпреварување, јавностасеуште не знаезоштотака успешен спортист, на така млада возраст престана активно да се натпреварува. На големо се шпекулираше дека си престанал заради здравствени проблеми, колку имавистина во тоа?

Пред да одговорам за причинатазоштосумјазавршилмојата бодибилдинг кариера на толку рана возраст, најпрвоќе кажам само дека бодибилдингот е спорткој за разлика од другите спортови, најдобрите години за натпреварување се по 30тата година од животот. Јас сум сеуште доволно млад доколку ми се појави желба, повторно да се спремам и да победам на некое следно натпреварување. Во врска со причината зошто јас ја ставив мојата кариера на standby, би кажал само дека на мојата одлука воопшто не влијаеше мојата здравствена состојба, која во моментот на донесување беше на безпрекорно ниво.

АРХИВСКА ЕМИСИЈА – МУАБЕТИ СО СТИЛ СО БОБАН НАУМОСКИ

Точно е дека околу 10 месеци по моето последно натпреварување имав краткотраен, акутен здравствен проблем со ритамот на срцето, но тоа воопшто не беше поврзано со бодибилдингот, туку беше проблем кој настана поедна бурна летна ноќ заради преголема конзумација на енергетски пијалоци и алкохол и недостаток на сон. Тој проблем беше решен уште истиот ден, и фала му на Бог, до денешен ден моитез дравствени проблеми ги решавам со топол чај и антибиотици по потреба. За да биде појасно, до тој ден јас имав цели 9 месеци пауза од тренинзи и користење било каква суплементација. Баш напротив, тоа беше период со многу junkfood, алкохол и журки со кои сакав да надохнадам се што пропуштив во 5те години строг спортски режим и роботска дисциплина. Со овој пример сами проценете што е подобро за вашето здравје, здрав живот и спорт или журкање до доцните часови во ноќта.

This image has an empty alt attribute; its file name is FB_IMG_1549620985374.jpg
  • Која беше причината со која вие ја донесовте одлуката за да ја ставите вашата кариера на standby?

За она тело кое го гледате на сликите и видеата, вложен е толку голем труд, дисциплина, пожртвуваност и пред се пари, мислам дека нема јазик на светот кој има збор со кој би се објаснила тежината на целиот процес низ кој поминува еден успешен бодибилдер.

Мојата одлука беше донесена речиси во целост од финансиски аспект, јас престанав да се натпреварувам со тукушто наполнати 20 години, а веќе во моето тело беа вложени десетици илјади евра. Тоа беше целата заштеда на моето семејство која требеше да биде наменета за мое школување. Во тоа време бодибилдингот беше табу тема и немаше никаков интерест за спонзорство, секоја чест на неколку локални фирми и здруженија кои самоволно симболично ми помогнаа за јас да имам можност да ја претставувам Македонија на Светското првенство во 2009та.

This image has an empty alt attribute; its file name is FB_IMG_1549620947216.jpg

Кога од агенцијата за млади и спорт побарав да ми одобрат средства за да ми се плати само авионската карта и котизацијата во хотелот, писмен одговор добив дури по завршувањето на натпреварот, откако се вратив дома, нормално, одговорот беше негативен, односно државата ми честита за моите дотогашни успеси но бидеќи бодибилдингот не е олимписки спорт, тие не можеле да одвојат средства за Македонската репрезентација. По тој одговор веќе ми стана јасно дека нема да можам да рачунам на никаква финансиска помош во иднина, па од свои тешко стекнати лични примања се решив уште еднаш да излезам на државното првенство во Македонија знаејќи дека ако ја извојам победата ќе направам рекорд по бројот на победи во јуниорска категорија, а воедно бев спремен да се борам и да оборам уште еден рекорд, односно да ја освојам Апсолутната титула на Атлета на Македонија како прв јуниор кој бил крунисан со истата. За жал, судиите сметаа дека сепак не бев дораснат за таа титула па ми остана само рекордот по број на победи во јуниорска категорија.

По толку дадени пари, и вложено време и труд, јас решив да ја ставам мојата бодибилдинг кариера во мирување за некое идно, подобро време знаејќи дека јас немам што повеќе да се докажувам на нашата сцена, ќе оставам резултатите и медалите да го направат тоа за мене.

  • По 7 години пауза од активниот бодибилдинг свет, реши повторно да се појавиш, но овој пат со свој бренд – Genesis. Што те натера на овој потег, и кои се твоите планови во блиска иднина?

Желбата да отворам сопствена продавница за додатоци во исхраната датирауште од времето кога за прв пат се појавив на бодибилдинг сцената – 2007ма година. Во тоа време бев трета година во Гимназија и помнам дека најголем проблем во целото спремање ми беше организирањето на храната за времето додека траеше наставата. Бев принуден да носам по 2-3 кутии со храна која ја конзумирав на секој одмор помеѓу часовите, и нормално тука беа и 2та протеински шејкови. Во тоа време во Охрид немаше продавница за суплементи, немаше ни онлајн продавници па бев принуден да пазарам на “слепо” по телефон од познаникот ,а сегапријател и бизнис партнер кој во тоавремеработеше во Каливита – Горан.

This image has an empty alt attribute; its file name is IMG_20180918_183109.jpg

Препознавајќи ја мојата потреба за специјализирана продавница за спортска суплементација во Охрид, еден од моите соништа уште тогаш беше да отворам сопствена продавница за Охриѓани, знаејќи дека бодибилдингот и здравиот начин на живот во Македонија допрваќе се развива.

Инспириран од маката која ја мачев носејќи уште еден ранец полн со кутии храна, од неодамна во Genesis кој се наоѓа токму преку патот на Гимназија решив по симболична цена да приготвувам протеински шејкови за спортските души кои денес учат таму. Секако покрај гимназијалците добредојдени се и сите Охриѓани кои сакаат да ги дегустираат најквалитетните протеини од Светот.

This image has an empty alt attribute; its file name is Genesis-flaer-coffe-poster.jpg

И да ви одговорам на вториот дел од прашањето, имам уште еден засега неисполнат сон за во иднина, а тоа е да бидам сопственик на првокласен фитнес и бодибилдинг комплекс кој знам точно како треба да изгледа, и кој се надевам дека во догледно време ќе постане реалност.

This image has an empty alt attribute; its file name is FB_IMG_1543161933909.jpg
  • По само една година од постоењето на Genesis станавме сведоци на тоа за каков сериозен бренд станува збор, во Ноември 2018та година Genesis беше еден од двата бренда кои во Македонија го донесовте Кристијано Роналдо од бодибилдинг светот – Кевин Леврони. Кој беше мотивот за да една таква бодибилдинг легенда ја посети Македонија?

Точно, кога го создадов Genesis, си поставив само едно правило – да се продаваат само најквалитетните Светски брендови без разлика на цената и заработката.Па така  Genesis набрзо пред настанот склучи соработка со The Strongest Shopи донесе 2 премиум брендови – Kevin Levrone Signature Series и линијата на Dorian Yates.

Оттука излезе желбата со здружени сили да им се овозможи на Македонските фанови по втор пат лично да се запознаат со една таква голема легенда, организиравме семинар во Скопје, влезот беше бесплатен и отворен за секој љубител на бодибилдингот во Македонија. На семинарот покрај слика и автограм, секој можеше да постави прашање за се што го интересира во врска со тренингот и исхраната лично до Кевин. По прашањата следуваше забавен дел во кој се организираа спортски игри и победниците беа наградувани со производи од линијата суплементи на Кевин Леврони.

  • Минатата година се појави како придружба на Златко Апостоловски, кој дебитираше во физик категоријата на државното првенство. Дали себе си се гледаш како бодибилдинг тренер за идните генерации такмичари од Охрид?

Златко е човек со челична волја и желба за напредок, и јас сум сигурен дека во иднина ќе се закити барем со еден златен медал во бодибилдинг категориите, доколку тоа е негова желба. Златко излезе на натпреварот во физик категорија по моја “вина”, односно јас бев тој кој го наговори да се пријави на натпреварот. Златко веќе 2 години е на строг режим на тренинг и исхрана и тоа го прави исклучиво за негова лична сатисфакција. Две недели пред државното првенство се сретнавме во теретана и кога го видов како изгледа си реков зошто да не му спомнам за натпреварот. Со нецели 2 недели спремање Златко успеа да победи 2ца кои цела година се спремале токму за државниот натпревар.

This image has an empty alt attribute; its file name is viber-image-2019-02-08-16.04.40.jpg

Дали себе си се гледамкако бодибилдинг тренер за идните генерации? Сум ималсреќа да учам од најдобрите и нај успешните Македонски бодибилдери и познавачи на бодибилдингот – Дејан Маслов и Мирко Петровски, имам знаење и искуство акумулирано повеќе од 15 години и сум отворен за соработка со секој сериозен вежбач кој сака да се испроба на некој бодибилдинг натпревар.

Јас веќе одамна имам такмичар кој сумго спремал лично, и со кој имаме освоено златен медал токму во категоријата во која јас бев најдобар. Покрај него во соработка со Мирко заедно го спремавме Александар Кузмановски кој пак се претстави во 2016та година со форма која ретко кој такмичар успеал да јадостигне.

  • За крај, кои се придобивките да се вежба со персонален тренер?

Тоа е многу добро прашање за кое не постои краток одговор, но накраткоќекажам само еден пример со кое мислам дека на сите ќему стане јаснокои се придобивките да се вежба со персонален тренер.

This image has an empty alt attribute; its file name is viber-image-2019-02-08-16.15.29.jpg

Дури и со персонален тренер, на почетник ќе му требаат најмалку неколку месеци за да ги научи правилните техники на движење и дишење изведувајќи некоја вежба. А каде се напредните тренинзи и трикови кои драстично го зголемуваат ефектот на тренингот? Фитнесот и бодибилдингот се спортски дисциплини во кои постојано има новитети кои пак прво стигнуваат до оние на кои тоа им е професија – персоналните тренери.

Само во Македонија е срамно да се вежба со персонален тренер, додека пак секаде по светоттоа е пракса на секој човек кој сака да постигне значителен физички напредок притоа избегнувајќи повреди од несоодветни онлајн тренинг програми кои обично се направени за професионални бодибилдери. Строго препорачувам !!

Напишете коментар