На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на Македонската поп ѕвезда Влатко Лозановски, охридската фолк икона Ефто Пупиноски, охридскиот музички ас Ѓоко Танески, DJ Yuxell и DJ Bagzi. Музичкиот дел започнува во 20:00 часот.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ со почеток во 20:00 часот за забавата ќе се погрижат легендарната група „Меморија“ и музичкиот состав „Фузија“.
Новогодишната програма и оваа година го вклучува проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 27-ми декември и има низа забавни настани за најмладата публика и за сите генерации. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.
На 27-ми декември
11:00 ч.-Xуманитарен новогодишен базар „Вино и Винил“ ( К.И. 5 до 12), -Сараиште
12:30ч.-Детска новогодишна театарска претстава „Четирите принцези“ во изведба на детското -драмско студио „Ден и ноќ“ од Охрид, -Градски плоштад „Свети Климент Охридски “.
19:00ч.-Детска новогодишна театарска претстава „Дедо Мраз ослабел“ во изведба на театарското студио „Театар за тебе “, -Градски плоштад „Свети Климент Охридски “.
20:00ч.-Културно-забавниот настан „Зимска бајка“,-НУЦК „Григор Прличев“
На 28-ми декември
12:30ч.-Детски музички фестивал „Поточиња“, -Градски плоштад „Свети Климент Охридски
18:00ч. Меѓународен зимски фестивал на улична уметност „Баскер фест“- кловнови, магионичари, жонглери и други улични уметници,-Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
29-ти декември
12:30ч,-Детска новогодишна театарска престава: „Заспаниот Снешко Белчо“ во изведба на „Весел Театар“,- Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
19:00ч.,-Новогодишно комично шоу „Солзи и смеа“-Балада Продукција,- Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
30-ти декември
12:30ч,-Детска новогодишна театарска претстава „Минионите на Дедо Мраз“ во изведба на Театар „Провокација“, -Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
19:00ч.,-Новогодишен настап на македонската тин ѕвезда Христијан Настески –Пајак;
20:00ч.,-Mладинска рок група при Младински центар Охрид ;
20:30ч.,-The back door band, -Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
31-ви декември
12:30ч.-Детска Новогодишна театарска претстава „Ракавиците на Дедо Мраз“ во изведба на Детско драмско студио „Ден и нок“,-Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
14:00ч.-„Златни 80-ти“-Концерт на учениците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ под ментроство на проф. Љупчо Аслимоски,-Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
15:30ч.- DJ Ace,-Градски плоштад „Свети Климент Охридски“.
Богата музичка програма е подготвена и за празникот Богојавление-Водици.
На 19-ти јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе настапат фолк дивата Елена Велевска и младата и талентирана Елена Андоновска.
На 20-ти јануари за Денот на Рибарите, во месноста Сараиште ќе настапат изведувачи од Охридскиот еснаф.











