На 12.12.2025 година, полициски службеници од ОВР Струга, во продажен објект во Струга, лоциран на улицата „Маршал Тито“ во Струга, од слобода ги лишија А.Х.(52), Р.Х.(49), Р.Е.(49) и Р.А.(20), сите од Корча, Република Албанија.
Тие се затекнати при вршење кражба на повеќе производи кои им се одземени и вратени на одговорните лица во објектот.
По целосно документирање на настанот, против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.












