АктуелноОхрид

Сообраќајна несреќа на ул. „7-ми Ноември“, едно лице се здобило со телесни повреди

На 07.12.2025 во 09:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на крстосницата од улицата „7 Ноември“ со ул.„Васил Главинов“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната  жена од с.Лескоец, охридско и патничко возило „шкода јети“, сопственост на МВР, управувано од полицискиот службеник  лице на (26)г. Во незгодата со телесни повреди се здобила жената, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид.