На 22.11.2025 година во 01:45 часот, во шумскиот појас кај месноста „Добра вода“, во близина на регионалниот пат Струга-Ќафасан, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Франгово“, го приведоа лице на (29) г.од Поградец, Република Албанија.
Тој, е затекнат откако илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и остварил нелегален престој во земјава со што сторил прекршок по член 147 од Законот за странци. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.












