На 02.11.2025 во 15:30 часот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, при преглед во патничко возило „фолксваген поло“ со охридски регистарски ознаки, управуван од лице на (27) од Охрид, полициските службеници пронајдоа пневматски пиштол „Винчестер“, кој го носел спротивно на одредбите од Законот за оружје.
Пиштолот е одземен и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












