Од далечната 2003 година, „Мама Љубинка“ ги прави највкусните и најубавите торти и колачи во Охрид.
Денеска го одбележуваат првиот роденден под овој бренд, уште поблиску до вас, со проширен капацитет и асортиман, на врвна опрема од најпознати светски производители и по сите светски стандарди. Велат дека се подготвени да одговорат на сите вљубеници во слатките задоволства. Потенцираат дека нивните домашни торти и колачи се повеќе од слатки – тие се уметност што ве води на патување низ вкусовите и боите, нешто во што ќе уживате со сите сетила.
– Нема никакви компромиси со квалитетот. Користиме најквалитетни состојки во тортите за сите пригоди: свадби, родендени и секакви свечености. Секоја торта е направена од внимателно избрани производи и со најмногу љубов како тајна состојка. Тортите се веќе совршено украсени со фондан, а ви овозможуваме и посебна услуга – сите ваши фотографии, заеднички шеги со пријателите, роденденски пораки, запросувања, спортски успеси или едноставно најубавите моменти да ви бидат најслатки. Одберете вкус и подарете торта со фотографија, направена на врвна опрема од светски производители со сите сертификати и на хартија и со бои кои можат да се јадат, додаваат од „Мама Љубинка“.
Постојано сме во потрага по подобрување на вкусовите, уште подобри материјали и ги следиме сите светски трендови во оваа област.
– Со нас, секоја торта раскажува своја приказна… Да продолжиме да ги креираме заедно, потенцираат од „Мама Љубинка“.
Од крајот на мај годинава, започна со работа и слаткарницата „Кај Мама“ на „Мама Љубинка“, лоцирана во комплексот на Градскиот пазар. Ова „најслатко ќоше“ во градот е на самиот агол помеѓу градскиот пазар и КАМ маркетот.
ohridpress.mk












