Ве информираме дека промена на локација има на следните избирачки места.
- Избирачките места 1254, 1254/1 и 1264/1 од Градски пазар- Нов објект се префрлени во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.
- Избирачкото место 1264 од МЗ – Кошишта е префрлено во О.С.У. „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.
- Избирачкото место 1267 од приватен објект на ул. Железничка е префрлено во О.У. „Кочо Рацин“ – поранешна касарна Ул. Радојца Новичич (новата зграда на училиштето)
- Избирачките места 1268 и 1268/1 од приватен објект хотел Ловец – Охрид, се префрлени во О.У. „Кочо Рацин“ – „Св. Кирил и Методиј“ – Средно економско училиште.
Исто така Ве информираме дека:
- Жителите на улица „Александар Турунџиев“ со куќен број од 001 до крај се префрлени во ИМ 1285 ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.
- Жителите од улица „АСНОМ“ непарни броеви на куќен број од 001 до 0081 се префрлени во ИМ 1270 – Музичко училиште „Методиј Патчев“
- Жителите од улица „АСНОМ“ непарни броевки на куќен број од 0081 до крај се префрлени во ИМ 1273 – Музичко училиште „Методиј Патчев“
Со почит,
Општинска изборна комисија












