АктуелноОхрид

Лабораторијата на ЈЗУ Здравствен дом Вевчани опремена со нов имунолошки апарат

Со особена гордост ја информираме јавноста дека лабораторијата при ЈЗУ Здравствен дом Вевчани е опремена со нов имунолошки апарат од најнова генерација, кој значително ќе го унапреди квалитетот на лабораториските услуги што им се нудат на нашите пациенти.
Овој современ апарат овозможува брза, прецизна и доверлива анализа на имунолошки параметри, што е од клучно значење за навремено откривање и следење на разни болести.
Професионалниот тим во лабораторијата е пример за висока стручност, одговорност и посветеност кон пациентите и здравствениот систем во целина.
Воведувањето на овој апарат е дел од пошироката стратегија за модернизација на медицинската опрема и постојано унапредување на услугите во ЈЗУ Здравствен дом Вевчани.
Искрени честитки и пофалби до целиот лабораториски тим а посебно до специјалистот по медицинска биохемија г-ѓа Наташа Богоеска за нивниот континуиран професионален ангажман и за придонесот во обезбедување висококвалитетна здравствена услуга на секој пациент.