АктуелноОхрид

Струга повторно „дише“ депонија и цел ден е без вода!

Струга и околните населени места  вечерва повтрно дишат загаден воздух. Поточно ја „дишат“ депонијата која го труе населението.  Тешка смрдеа се шири наоколу која доаѓа од депонијата која веќе е во центарот на Струга, со оглед на големата населеност и блискост на околните места , депонијата речиси како да се наоѓа во центарот на струшкиот дел.

Горат материи кои постојано се депонираат таму од Струга и околината а сеуште нема на повидок никакво решение за овој голем проблем. Досега никој од надлежните не смогнаа сили за решавање на овој горлив проблем, било да е тоа дислокација или пак решение преку одредени мерки за депонирање на сметот.

За проблемот да биде уште поголем Струга, градот кој живее на вода , денес цел ден е без вода. На високи температури сеуште , граѓаните се оставени без капка вода , за своите потреби.

Охрид 1 се обиде да стапи во контакт со некој од надлежните во струшкото јавното претпријатие „Водовод“ но никој не се одзва на нашите телефонски повици. Нема ниту јавно соопштение за што станува збор, дали е тоа можеби голем дефект , бидејќи и околните села како Враништа е без вода во текот на целиот ден.