АктуелноОхрид

Свикана шеесет и втората седницаа на Советот на општина Охрид

Понеделник 29 септември со почеток во 9 часот советниците на општина Охрид ќе ја одржат 62. седница на која е предвидено:

Усвојување на Записникот од 61-та седница

  1. Предлог-oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.
  2. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.
  3. Предлог-одлука за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално – финансиското работење на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2024/2025 година.
  4. Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.
  5. Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на СОСУ„Св.Кирил и Методиј“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.
  6. Предлог-одлука за усвојување на Годишната програма за работа на OЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ – Охрид за учебната 2025/2026 година.
  7. Предлог-одлука за давање на времено користење недвижен имот – дел од деловен простор, сопственост на општина Охрид на Министерство за економија и труд – Државен инспекторат за труд.
  8. Предлог-одлука за прифаќање на иницијативата за експропријација на градежно земјиште на Кп.бр.4266/1 КО Охрид 4 и Кп.бр.4265/1 КО Охрид 4.
  9. Предлог-програма за измени и дополнувања на развојната програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2025 – 2027.
  10. Предлог-одлука за определување на крајбрежен појас на водотек река Сушица опфатена во Деталниот урбанистички план за УЗ 11, УБ 11.5 општина Охрид.
  11. Предлог-одлука за донесување Урбанистички проект со план за парцелација во ЛУПД за ГП бр.1 со основна класа на намена А4 – градби за времено сместување на КП.бр.2751/4 и КП.бр.2751/5 и други во КО Коњско, Општина Охрид.
  12. Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.5 и ГП 1.6 од ДУП Урбана Заедница 9, Урбан Блок 9.2 – Охрид, Општина Охрид.
  13. Предлог-одлука за донесување техничка исправка за ГП 1.7 во УПВНМ на дел од Туристички локалитет Горица – Св.Стефан – Метропол, опфат 3, плански период 2010 – 2020, општина Охрид.