АктуелноОхрид

Пожар во атарот на село Пештани, интервенирала пожарната

На 13.09.2025 во 18:01 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар на сува трска во близина на езерскиот брег во месноста „Камењица“ во атарот на охридското село Пештани, како и на сува трева во атарот на селото Елшани.

Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Увид на местата извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на случаите.