АктуелноНаш ИзборНаш изборОхрид

Пецаков: Во рамки на Саем – Отчет денес на панел дискусијата разговарав за меѓународната и прекуграничната соработка која е воспоставена во Охрид

Како дел од позитивните примери ги истакнав соработките со швајцарската и јапонската амбасада, плодовите од соработката се видливи и за добробит на граѓаните. Преку швајцарската амбасада се обезбеди медицинска опрема за Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“, а преку соработката со јапоснакта амбасада се обезбеди комунално возило кое обезбедува побезбедна животна средина.
Исто така имаме одлична соработка со Унијата на градови каде што живее турско население, преку што се обезбедени вредни донации, особено за образовните институции.
Дека придобивките од меѓународните соработка се огромни сведочи и проектот кој општина Охрид го реализира во соработка со Европска унија. Станува збор за проектот „Ohrid Go“ чија вредност е нешто повеќе од 700 000 евра, а се однесува на реставрација и развој на охридската касарна.
Започнавме соработки со повеќе градови од кои дел ги официјализиравме. Соработката со градот Пула со кој Охрид дели слични вредности ќе даде придонес во развојот на туризмот и градењето на „Паметен град“.
Се радувам што преку ваквите соработки успеваме да обезбедиме вредни донации и за други институции и здруженија на граѓани, како што е примерот со Доброволното противпожарно друштво за кое е обезбедено едно возило и противпожарна опрема за членовите.
Во иднина продолжуваме да ги продлабочуваме сорботките со братските градови за кои сум убеден дека ќе вродат со одлични проекти.