АктуелноВидеаВидео

Југословенската легенда Лепа Брена направи спектакл во Охрид

Ѕвездата од Југославија која сеуште сјае после 40 години повторно го наполни стадионот Билјанини Извори во Охрид, забавувајќи ја публиката скоро два часа. Иако ја живее седмата деценија од животот, живата легенда на балканската аестрада неуморно даваше енергија и цел концерт ја држеше  публиката на нозе, пеејќи заедно со неа.

Дури два пати ја испеа антологиската „Југословенка“ а интересно е што публиката од сите генерации токму на оваа песна најмногу реагираше,  пеејќи заедно со неа.

На видео бимовите се вртеа популарни сцени од антологиските југословенски фолмови „Тесна кожа“ и „Хајде да се волимо“ во кои Лепа Брена се игра самата себеси, се редеа хитови кои таа ги пееше токму во овие филмови кои своевремено беа југословенски „блок бастери“ и ги гледаа милиони луѓе низ кино салите од Вардар до Триглав.

Концертот беше технички организиран на највисоко ниво, со извонредни сценски ефекти, поставени големи видео бимови, а Лепа Брена на сцената ја придружуваа играчи, акробати и оркестар.